Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски е најзаслужниот за гостинската победа на палермо кај Карпи 3:1. Несторовски постигна два гола и асистираше кај третиот гол за тимот од Сицилија.
Напаѓачот на македонската репрезентација ти постигна првите два гола за Палермо во 10 и 36 минута, а откако Карпи намали на 1:2 во 82 минута преку Сабионе, во наредниот напад Несторовски му асистираше на Ембало кој го постави конечниот резултат 1:3.
Илија Несторовски досега има постигнато пет гола за Палермо кој на табелата во Серија Б се наоѓа на третото место со 18 бодови, два помалку од лидерот Емполи и бод помалку од Фрозиноне.
Вториот Македонец во редовите на Палермо, Александар Трајковски, не доби шанса да настапи на овој натпревар.