Top Sport

Палермо пред влегување во Серија Ц

Палермо најверојатно ќе добие место во италијанската трета лига, Серија Ц, откако пониските лиги во Италија решија да ја прекинат сезоната.

Серија Д нема да ја продолжи сезоната бидејќи малите клубови не се способни да се придржуваат до строгите мерки за тренинзи кои ги наметнаа федерацијата, и сега останува на Лега национале дилетанти да одлучат кој ќе влезе во третата лига.

Палермо беше реоформен како клуб минатото лето откако претходниот клуб кој го носеше ова име банкротираше и беше исфрлен во Серија Д иако беа во позиција која ќе ги носеше во првата лига.

Тие го освоија првото место го групата И со 20 победи од 26 натпревари, со седум поени предност пред Савоја, пред стопирањето на сезоната.

Scroll to Top