Top Sport

Палота: Дали во Премиер лигата имаат поголеми голови?

Пред вечерниот прв меч од полуфиналето од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Рома на „Енфилд“, претседателот на Рома, Џејмс Палота реши да проговори за трансферот на Мохамед Салах во Ливерпул минатото лето.

Палота, кој е Американец со италијанско потекло, вели дека неговиот сонародник, сопственикот на Ливерпул, Џон Хенри постојано се жалел колку чини Салах.

„Тој постојано се жалеше: ’Дали плативме прескапо? Мислам дека цената е претерана’. И јас му кажав дека ќе му купам ручек. Но, и јас сум изненаден од сезоната на Мо, посебно тоа што постигна многу голови. Дали имаат поголеми мрежи во Премиер лигата? Беше неверојатно да се следи неговиот развој“, вели Палота во интервју за „ЕСПН“.

Рома направи еден исклучителен кам-бек во претходното коло, откако по поразот од 4:1 од Барселона на гости, успеаја да победат со 3:0 и да ги елиминираат Блауграна. Оваа сезона тие играа двапати со англиски противник на патот до првото место во групата Ц – одиграа 3:3 на гости против Челси, пред да ги победат со 3:0 на „Олимпико“.

Фото: ЕПА

Scroll to Top