Top Sport

Палота до Пeрез: Никој од вас не побара да го спасувате фудбалот

Флорентино Перез, првиот претседател на новата Суперлига, во интервју за „Чингирито“, објаснил која идеја ги поттикнала 12 клубови да ја формираат Суперлигата. Првиот човек смета дека тие нашле начин какод а го спасат фудбалот.

„УЕФА го држи монополот, тука треба да има повеќе транспарентност. Сакаме да го сочуваме фудбалот и во наредните 20 години, а живееме во време кога фудбалот е под сериозна закана. Во 2000 година дојдов во Реал да го спасам клубот, денес сум тука да го спасам фудбалот. Со Суперлигата ќе заработуваме многу повеќе. Ако победиш во УЕФА натпреварување добиваш 120, 130 милиони евра. Со Суперлигата ќе заработуваме многу повеќе. Ние, како што истакнавме во соопштението, ќе разговараме со УЕФА. Мораме да разговараме за тие пет места слободни места во Суперлигата. УЕФА работеше на новиот формат во Лигата на шампионите, кој замене, да бидам искрен, е неразбирлив. Сакаме да го спасиме фудбалот. Главна атракција се натпреварите на големите клубови. Фудбалот е како пирамида. Оние кои ќе заработуваат најмногу, ќе можат да купуваат играчи за повеќе пари, значи дека и другите ќе заработуваат повеќе“, рекол Перез.

Јавно по ова интервју се огласи првиот човек на Рома, Џејмс Палота. Тој го прашал Перез дали го слушнал гласот на навивачите и дали некој од него побарал да го спаси фудбалот?

„Дали застанавте една минута за да го слушнете гласот на навивачите? Никој од вас не побара да го спасувате фудбалот“, рекол Палота и дополнил.

„Суперлига во формат кој не е натпреварувачки, со 15 најбогати клубови кои секоја година ќе добиваат многу пари, ќе го убие фудбалот, сигурен сум дека нема да го спаси“.

Scroll to Top