Џејмс Палота, претседателот на Рома неверојатниот триумф над Барселона од 3:0 го прослави со скокање во една од фонтаните во вечниот град, за што доби казна од 500 евра, по што донираше уште 230.000 евра за реставрација на друга фонтана во Рим.
„Му благодариме на претседателот Палота за неговата донација по скокот во вторникот“, изјави градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџи по состанокот со американскиот бизнисмен со италијанско потекло, кој е на чело на клубот од 2012 година.
Славјето на улиците на Рим беше бурно во вторникот навечер, вклучувајќи го и во централниот „Пјаца ди пополо“, каде што има четири мали фонтани, во кои Палота намерно падна. За ова казната е 500 евра.
„Тој се извини, но се работеше за момент на радост. Сепак, сфати дека мора да даде пример и сигурно ќе ја плати казната“, додаде Раџи.
Градското собрание на Рим потврди дека парите ќе одат за реставрација на фонтаната пред античкиот Пантеон.
#Roma president, James Pallotta, throwing himself in the fountain of Piazza del Popolo with fans going crazy ? pic.twitter.com/ErY9rzZuJJ
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) April 10, 2018