Top Sport

Палота: Немавме избор околу Пјаниќ и Салах

Претседателот на Рома, Џим Палота ги отфрли обвинувањата дека неговиот клуб се „претворил“ во „супермаркет“ по продажбата на Миралем Пјаниќ на Јувентус и Мохамед Салах на Ливерпул.

„Работите не се толку едноставни. Фрустриран сум што некои не нарекуваат супермаркет. Пјаниќ имаше излезна клаузула и моравме да го пуштиме. Салах ја ‘кине’ Премиер лигата, но тој сакаше да замине и немавме долг договор, така што повторно немавме избор. Има работи кои се случуваат зад сцената за кои луѓето не знаат. Некои играчи сакаат да заминат и што да правиме ние?“, вели Палота.

Тој ветува дека „волчицата“ ќе биде посилна и дека смета на иднината, откако тимот го анажираше поранешниот спортски директор на Севилја, Монки во април минатата година.

„Му беше потребно малку време да се навикне, бидејќи Рим не е лесен град да дојдеш и веднаш да се судриш со медиумите и со навивачите. Го ‘чистиме’ тимот и оставаме процесот да тече нормално. Немавме среќа со неколку повреди, но од друга страна Александар Коларов има одлична сезона, а Џенгиз Ундер е подобар со секој следен меч. Ундер го имаме со договор на пет години. Рома ќе биде многу посилен тим во следните пет години“, додава Палота.

 

Scroll to Top