Top Sport

Палота: Што пуши Де Лаурентис во Неапол?

Сопственикот на Рома, Џејмс Палота одговори на обвинувањата на газдата на Наполи, Аурелио ди Лаурентис по неговата изјава дека Ливерпул и Рома имаат ист сопственик.

Ди Лаурентис се сомневаше дека трансферите на Мохамед Салах и Алисон Бекер од Рома во Ливерпул последните две сезони се „наместени“ и дека има необична соработка меѓу двата клуба, чии сопственици се Американци. АДЛ дури побара УЕФА да го истражи тоа бидејќи два тима не можат да играат во ЛШ ако имаат еден сопственик.

„Секогаш сум се сомневал дека тие имаат еден сопственик. Мала птичка ми шепна во увото пред неколку години“, изјави Де Лаурентис во интервју со „Кориере дела сера“.

Палота веднаш одговори преку официјалниот Твитер акаунт на Рома.

„Што ли пуши Аурелио ди Лаурентис таму во Наполи? Ако ја најде таа мала птичка повторно, ќе дознае дека ние сме газди и на Барса и Баерн“, одговара Палота.

Де Лаурентис: Рома и Ливерпул имаат ист сопственик!

Scroll to Top