Top Sport

Памела Андерсон му го уништи трансферот во Ел-Еј  на Адил Рами

Дефанзивецот на Олимпик Марсеј, Адил Рами сонувал да ја заврши својата кариера во Лос Анџелес галакси, но сите надежи за трансфер од соништата во САД се пропаднати по неговата разделба со канадската актерка и модел, Памела Андерсон, јавува „Л’Екип“.

33-годишниот Рами беше „шутнат“ од страна на 52-годишната ѕвезда на серијата „Бејвоч“, која го обвини дека ја мамел со други жени, нарекувајќи го освојувачот на СП со Франција, „вистинско чудовиште“.

Рами, кој имаше само 16 меча за Марсеј минатата сезона, планирал да се пресели во Лос Анџелес, но сега тие надежи се уништени откако наводно Андерсон конактирала со акционерите на МЛС клубот.

Рами не се појави на тренинзите пред стартот на сезоната на Марсеј поради разделбата откако клубот објави дека „одлуката е донесена поради лични причини“. Андерсон наводно ангажирала и бодигарди да ја заштитуваат од фудбалерот.

Памела Андерсон по разделбата со Адил Рами: Тој е чудовиште

Scroll to Top