Top Sport

Панчев: Европската титула на Црвена ѕвезда е поголем успех од хрватското финале во 2018

Европската титула на Црвена ѕвезда во 1991 година или пласманот во финалето на Светското првенство на Хрватска во 2018 година, кој успех е поголем и дали воопшто може да се прави споредба?

Свое мислење има на ова тема има и Дарко Панчев, голгетерот познат под прекарот „Кобра“, кој го реализираше последниот пенал во финалниот меч против Олимпик Марсеј во финалето против Олимпик Марсеј.

„Плсманот на Хрватска во финалето на СП, заедно со пласманот на Унгарија во финалето на СП, европската титула на Грција и двете финалиња што Југославија ги има одиграно на ЕП се најголемите репрезентативни успеси во регионот. Сепак титулата на Црвена ѕвезда е поголем успех од финалето што го играше Хрватска, бидејќи го освоивме трофејот“, рекол Панчев за српскиот поратл „Мондо“ и дополнил.

„Мислам дека тој тим на Црвена ѕвезда секаде без проблеми би ја победил екипата на Хрватска која го играше финалето во Русија“.

Панчев потенцира дека успехот на Црвена ѕвезда, како одминува времето, станува се позначаен.

„Во некоја блиска еднина не верувам дека тоа ќе го повтори некој клуб од овие простори. Гледајќи од оваа дистанца ние не бевме свесни каков успех постигнавме“, заклучил Панчев.

Scroll to Top