Top Sport

Панчев за „Шпигел“: Го одбив Фергусон, сакав да покажам дека можам да играм во Серија А

Црвена ѕвезда вечерва гостува во Минхен прв пат по легендарниот меч одигран во 1991 година, кога „црвено-белите“ со головите на Панчев и Савиќевиќ победија 2-1. Реваншот во Белград, во полу-финалето во Купот на шампионите завршил 2-2, а потоа Црвена ѕвезда ја освои титулата во финалето против Олимпик Марсеј.

По повод мечот од пред 28 години и вечерашното гостување на Црвена ѕвезда кај Баерн, најдобриот стрелец на шампионската генерација на белградскиот клуб, Дарко Панчев, одговарал на прашањата на „Шпигел“.

„Подцна дознав дека тоа бил прв пораз на Баерн во Минхен во европските купови по 23 години“, рекол Панчев и продолжил.

„Европската титула беше џиновски успех, врв на мојата кариера! На крајот го освоивме и Светскиот куп во декември таа година, а јас во 1991 година бев награден со „Златната копачка“ како најдобар стрелец во Европа. Денес често се сеќавам на тие моменти“.

Црвена ѕвезда во 1991 година стана вториот клуб од источниот дел на Европа што успеал да го освои Купот на шампионите. Претходно истото го направиле играчите на Стеауа. Во условите кои денес владеат во фудбалот такво нешто не може да се замисли.

„Во денешно време нешто такво е утопија. Денес постои поинаква хиерархија во светскиот фудбал. Десет екипи ги делат трофеите меѓу себе, додека други 100 состануваат и често имаат финансиски проблеми. Уште полошо за клубовите од истокот на Европа е што фудбалерите многу рано одат на запад. Во наше време пред 28 година не можеше да одиш во странство“, рекол Панчев.

Македонецот од Црвена ѕвезда направи трансфер во Интер, потег кој подоцна се покажа како лош во неговата кариера.

„Бев многу популарен во 1992 година имав многу понуди за трансфер, за жал одбрав погрешен клуб. Интер имаа просечен тим во споредба со Милан. Покрај тоа не се согласував со тренерот Освалдо Бањоли. Сепак следната зима добив понуда од сер Алекс Фергусон која сакаше да ме земе во Манчестер Јунајтед. Меѓутоа јас сакав да им покажам на Италијанците дека можам да играм во Серија А. Бев будала“, заклучил човекот кој го погоди последниот пенал во легендарното финале за Црвена ѕвезда во Бари.

Scroll to Top