Џенова потврди дека го ангажира Давиде Балардини како наследник на хрватскиот стратег Иван Јуриќ, кој беше отпуштен по саботниот пораз во градското дерби од Сампдорија.
По поразот „грифоне“ има само 6 поени во 12 меча во Серија А и се во зоната за испаѓање. Балардини е поранешен тренер на Палермо, но и двапати беше на клупата на Џенова во 2010/11 и во 2013 година.
„Среќен сум што повторно можам да ве видам. Мисијата е да се заврши добра работа за клубот и за навивачите. Дали ќе опстанеме во Серија А? Не знам, но мислам дека имаме доволно добар тим“, изјави Балардини.
Неговиот прв натпревар ќе биде гостувањето кај Кротоне, а првиот меч пред домашна публика една недела подоцна против Рома.