Top Sport

Пандев го „покоси“ и Интер, овации на „Луиџи Ферарис“ (видео)

Откако претходно стрелаше на дуелот со својот поранешен тим Лацио, одмаздувајќи се за коментарите кои го следеа со години, Горан Пандев му даде гол и на тимот со кој ја освои европската титула,  Интер, помагајќи Џенова да стигне до важна 2:0 победа, а кризата на „нераѕурите“ да продолжи.

Маките на Интер започнаа во првото полувреме на „Луиџи Ферарис“, откако Ранокиа си постигна гол на истекот на полувремето. Пандев, по одличната топка на Диего Лаксалт ги постигна конечните 2:0, со кои Џенова од зоната за испаѓање пред некој месец, скокна на 12. место со 30 поени, дури 13 повеќе од опасната зона.

Фановите на Грифоне знаеја да го испочитуваат македонскиот 34-годишен голгетер со овации на преполниот стадион во Џенова.

Од друга страна, Интер, кои во претходниот меч ги совладаа Болоња за кревање на мотивацијата, повторно се „спуштени на земја“ од Грифоне, за да останат на четвртото место со 48 поени, и да го зголемат притисокот на Лучано Спалети.

Пандев го „стресе“ Лацио, Џенова го освои „Олимпико“ (видео)

Scroll to Top