Top Sport

Пандев го „стресе“ Лацио, Џенова го освои „Олимпико“ (видео)

Горан Пандев своето „име“ го направи во тимот на Лацио, но тоа не му пречеше да го совлада Томас Стракоша и да донесе водство за Џенова на „Олимпико“, кое на крајот беше конвертирано во 1:2 победа и важни три поени.

Пандев помина пет години од својата кариера во Лацио, одигрувајќи 159 натпревари и постигнувајќи 48 гола, пред да замине во Интер, тим со кој ја освои Лигата на шампионите во славната генерација под водство на Жозе Мурињо.

Враќањето во Рим овојпат беше одлично за македонскиот репрезентативец, кој на свирежите од фановите на Лацио одговори совршено со гол во 55. минута од мечот. Заминувањето од Лацио не беше со најдобри односи, посебно со директорот на клубот, Клаудио Лотито.

Само четири минути подоцна, Лацио израмни преку Марко Пароло, меѓутоа во 92. минута, Диего Лаксалт со глава уште еднаш го совлада Стракоша за фантастични три поени од тешкото гостување.

Лацио остануваат трети со 46 поени, 14 помалку од лидерот Наполи, додека Џенова,, под новиот тренер, Давиде Балардини излезе од опасната зона и во моментов е на 13. место со 24 поени.

Scroll to Top