Top Sport

„Пандев извонреден човек и фудбалер, гордост на Македонија “

Фудбалскиот клуб Џенова на социјалните мрежи му го честиташе јубилејниот 100 настап во дресот на Македонија, на Горан Пандев.

Пандев, синоќа, ја предводеше македонската репрезентација до победата над Летонија од 3:1.

Честитки Горан, извонреден човек и фудбалер. Ти со гордоста на твојата Македонија. Заслужуваш аплаузи од фудбалскиот свет“, стои во пораката на Џенова.

Инаку, Пандев е најдобриот стрелец во историјата на македонската репрезентација. Прекрасна увертира за јубилејниот натпревар струмичанецот имаше во неделата против кога со гол и асистенција и помогна на Џенова да го победи Јувентус 2:0.

Scroll to Top