Top Sport

Пандев наскоро ќе добие нов тренер?

Италијанските медиуми пишуваат дека Џенова, екипа чии дрес го носи Горан Пандев, повторно ќе изврши промена на тренерската позиција.

Џенова не игра добро оваа сезона, резултатите се далеку под очекувањата, а екипата се наоѓа во серија од три порази. Поради тоа медиумите шпекулираат дека тренерот Иван Јуриќ ќе добие отказ. Хрватот кој пред еден месец повторно седна на клупата на Џенова сигурно ќе замине доколку „грифоните“ не победат во градското дерби против Сампдорија (недела, 20.30 часот).

Две имиња се вртат во медиумите како наследници на Јуриќ, Иван Тудор и Чезаре Прандели.

Scroll to Top