Горан Пандев вечерва ја носеше капитенската лента и беше стартер во тренерското деби на Андриј Шевченко на клупата на Џенова, а во исто време противник беше еден негов добар познаник, Жозе Мурињо, кој му беше тренер во Интер кога ја освоија славната тројна титула.
Пред мечот со Рома, Пандев во интервју за „ДАЗН“ не сакаше да ги споредува двајцата тренери.
„Мурињо? Неговата кариера зборува сама за себе, и навистина имав среќа што тогаш во Интер имав таков тренер со кој влеговме во историјата. Но, нашиот нов тренер, Шевченко, е вистински шампион, човек од старата школа и не би можел да посакам подобар човек за Џенова“, изјави Пандев.
Pandev: "Mourinho? All'Inter abbiamo fatto la storia, fortunato ad averlo avuto" https://t.co/1oo8M73bdF
— Fcinter1908 (@fcin1908it) November 21, 2021
Мурињо победи во мечот со неговите поранешни играчи, Пандев и Шевченко