Top Sport

Пандев вечерва 100 пат ќе игра за Македонија

Горан Пандев вечерва 100 пат ќе игра во дресот на македонската фудбалска репрезентација. Струмичанецот за репрезентацијата дебитираше во 2001 година. Пандев е најдобриот стрелец во историјата на македонската репрезентација, со 33 постигнати гола.

Пандев, по Гоце Седлоски е вториот македонски фудбалер што има преку 100 настапи за репрезентацијата. Веројатно Пандев ќе имаше повеќе настапи за Македонија, доколку не реши во периодот од 2013 до 2015 година да се повлече.

Вечерва, на првиот натпревар од квалификацискиот циклус за пласман на ЕУРО 2020, Пандев против Летонија, ќе настапи во специјално дизајнирани копачки. Покрај бројот 100 и македонското знаме, на копачките се испишани и имињата на неговите деца, Филип, Ана и Софија.

Во долгата кариера, капитенот, ќе се сеќава на два гола што ги постигал за Македонија, против Холандија во 2004 година (2:2), во квалификациите за СП и против Шпанија (2:3), во 2009, во пријателски меч.

На јубилејот посакува да постигне гол, но изјави дека најважно му е Македонија со победа да стартува во квалификациите.

Натпреварот Македонија-Латвија ќе започне во 20.45 часот. Во истиот термин во Г-групата ќе започнат натпреварите Израел-Словенија и Австрија-Полска.

Scroll to Top