Top Sport

„Паненка“ на шкотски начин (видео)

Тимот на Сент Мирен пропушти шанса да се извлече од последното место во шкотската Премиерлига во средата навечер, откако загуби со 1:0 од Сент Џонстон во меч во кој најголем трагичар беше напаѓачот на Сент Мирен, Симеон Џексон.

Џексон доби шанса да ги донесе домаќините во водство со пенал, но тој се обидуваше да изведе „Паненка“ удар, кој како што можете да видите заврши ужасно. Само неколку минути подоцна противниците постигнаа гол и тренерот на Сент Мирен, Оран Кирни беше бесен.

„Зошто тој ризикуваше вака во овој дел од сезоната не ми е јасно. Пред мечот зборувавме колку е важен овој меч. Да водевме со 3:0 и да беше прв меч од сезоната ќе го сфатев да направи нешто такво. Но, вака е чисто лудило“, изјави Кирни.

Scroll to Top