Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Кристијан Панучи вели дека очекува Кристијано Роналдо да има голем успех со Јувентус, но предупреди дека Португалецот може да зажали што заминал од „Сантијаго Бернабеу“, откривајќи дека тоа му е најголемата грешка во кариерата.
Панучи, кој сега е селектор на Албанија, со Реал освои титули во Ла лига и Лигата на шампионите во три години во Мадрид, пред да се пресели во Интер, каде што не ја врати формата и имаше конфликт со тренерот Марчело Липи.
„Кога јас си заминав од Мадрид бев сигурен во мојата одлука. Сакав да си одам и тоа беше најголемата глупост во мојата спортска кариера, и сега жалам за тоа. Кристијано ќе победува и во Јувентус, бидејќи е предобар играч и ќе помогне да се крене нивото на фудбалот во Италија. Тој е роден да е шампион“, вели 45-годишниот Панучи.
Италијанецот додава дека очекува тешка сезона за Реал, бидејќи покрај Роналдо си замина и тренерот Зинедин Зидан и на негово место дојде Хулен Лопетеги.
„Зидан замина, Кристијано замина. Не е лесно да се заменат такви луѓе кои донесоа три титули од ЛШ во низа“, објаснува Панучи.
Фото: ЕПА