Top Sport

Паоло Малдини официјално се враќа во неговиот Милан (ОБНОВЕНО)

Легендата на Милан и на италијанскиот фудбал, Паоло Малдини е на „чекор“ до враќање во својот клуб на директорска позиција, тврди „Скај спортс Италија“.

Поранешниот дефанзивец и капитен на тимот имаше над 900 настапи за Милан од 1984 до 2008 година, освојувајќи седум италијански титули и пет европски титули. И покрај ова, тој не остана во клубот по повлекувањето од спортот, прво поради „затегнатите“ односи со претходниот сопственик Силвио Берлускони, а потоа и под кинескиот сопственик Ли Јонгхонг, за кого веднаш зборуваше дека „има малку верба дека ќе направи нешто добро во клубот“.

Сега, по преземањето на клубот од страна на американската фондација „Елиот менаџмент“, се отвара можност легендите на клубот да се вратат, откако тие веднаш го именуваа за спортски директор уште еден поранешен фудбалер на клубот Леонардо.

Од Милан потврдија дека Малдини ќе ја има улогата на директор за стратешки развој на клубот.

„Новата ера на Милан се зацврстува со Паоло Малдини, жива легенда во историјата на ’росонерите’ со неговата исклучителна класа, талент, лидерство, лојалност и историја на успех. Тој треба да помогне да го вратиме Милан на местото каде што заслужува“, велат од Милан.

 

Scroll to Top