Top Sport

Папен: Нејмар, Мбапе и Кавани не се херои, тие се егоисти

Легендарниот француски напаѓач Жан-Пјер Папен, во едно интервју, жестоко ги критикува напаѓачите на ПСЖ, Килијан Мбапе, Единсон Кавани и Нејмар.

Освојувачот на „Златната топка“ во 1991 година, смета дека Нејмар, Мбапе и Кавани треба многу повеќе да му се посветат на тимот и да ги заборават личните амбиции.

„Тие не се херои, тие се егоисти. Без оглед на статусот што го имаш, мораш да му служиш на тимот. Зошто во Ливерпул сите можат да играат одбрана? Квалитетот тука не е спорен, тој е во ДНК. на овие играчи, но тие мора да бидат посветени, сите мора да имаат корист од нивниот квалитет“, рекол Папен и дополнил.

„Не е важно кој е колкава ѕвезда. Проект на клубот е да се освои Лигата на шампионите, доколку тоа играчите на го разберат, никогаш нема да успеат во тоа“.

ПСЖ во првото коло, во Лигата на шампионите, загуби од Ливерпул 3:2, а во претходните две сезони не успеа да го мине осмина-финалето.

Scroll to Top