Top Sport

Парагвајскиот тинејџер го постигна голот на сезоната во Премиер лигата

Вчера заврши сезоната во англиската Премиер лига. Манчестер сити ја одбрани титулата, а од лигата испаднаа Саутемптон, Лидс и Лестер. Покрај Сити во Лигата на шампините се пласираа Арсенал, Манчестер јунајтед и Њукасл, Ливерпул и Брајтон изборија место во Лига Европа, а во Конференцската лига ќе се натпреварува Астон Вила.

Откако Премиер лигата објави дека Ерлинг Халанд е најдобриот играч оваа сезона, го избра и најдобриот гол во сезоната.

Наградата оди кај младиот Парагваец од Брајтон, Хулијан Енсисо.

Голот на сезоната, Енсисо го постигна минатата недела против Манчестер сити. Парагвајскиот фудбалер со удар од 30 метри упати фантастичен удар кој заврши под гредата од противничкиот гол.

19. годишниот Парагваец. во Брајтон, дојде од Либертад за 12 милиони евра, во дебитантската сезона на островот постигна седум гола и забележа четири асистенции.

Scroll to Top