Top Sport

„Паратичи уништи генерација млади фудбалери во Јувентус“

Италијанската фудбалска јавност уште се „забавува“ со извадоците од бележникот на директорот на Јувентус Федерико Керубини, кој сега е доказен материјал во случајот против „старата дама“ за финансиските нерегуларности со вештачко „пумпање“ на вредноста нивните играчи. На мета сега е Фабио Паратичи, неговиот претходник, кој сега работи како спортски директор во Тотенхем.

Бележникот на Керубини беше запленет од финансиската полиција при претресот на просториите на клубот, и според весникот „Ла република“ во него има не толку добри мислења за Паратичи, кој според него е виновен за лажното пријавување на капитални пруходи на клубот.

Керубини го обвинил Паратичи дека постојано доцни за состаноците, кои понекогаш се одржувале во сауна, на бербер или додека тој добивал маникир.

„Проценките се менуваат секој ден. Планот за опоравување е катастрофален, но како дојдовме до овој момент. Засилувања без смисла, без проценка (Кулушевски?). Тој уништи цела генерација млади фубалери. Кин, Спинацола, Аудеро…“, наводно стои во бележникот на Керубини.

Паратичи помина 11 години во Јувентус, пред да се пресели во Тотенхем во 2021 година.

Scroll to Top