Top Sport

Пари Сен-Жермен загубија, но нивните ултраси се вистински шампиони (видео+галерија)

Пари Сен-Жермен не успеа да ја мине пречката наречена Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите, откако по 3:1 поразот во Мадрид и дома загубија со 2:1, меѓутоа затоа ги имаат можеби најдобрите навивачи во Европа.

ЦУП или на француски „Collectif Ultras Paris“, се обидоа да направат сè да помогнат на својот тим, вклучувајќи и пред хотелот во кој беа играчите на Реал пред мечот (пред полицијата да ги избрка), пред да создадат фантастична атмосфера на „Паркот на принцовите“.

ПСЖ сигурно ќе биде казнет за користењето на пиротехнички средства од страна на ЦУП, групата која во 2013 година ги исфрли од стадионите, пред да ги врати по политичкиот притисок во 2016 година.

Насер Ал Хелаифи потроши стотина милиони евра на засилувањето на својот тим кои не донесоа инстант-титула од Лигата на шампионите, но барем кај навивачите, ПСЖ е сигурно меѓу врвните во Европа.

Фото: ЕПА



Scroll to Top