Top Sport

Парична казна за Нил Ворнок

Манџерот на Кардиф, Нил Ворнок, избегна суспензија и доби парична казна бидејќи коментираше судењето по натпреварот со Челси. Кардиф на 31 март беа поразени од Челси, а Ворнок по мечот рекол дека „во најдобрата лига во светот судат најлошите судии“.

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) на крајот му прогледа „низ прсти“ на Ворнок и му изрече парична казна во износ од 20.000 фунти.

„Коментарите за Би-би-си и Скај Спорт беа неприкладни бидејќи во прашање го доведоа интегритетот на официјалните лица. Покрај тоа слични изјави дал и за Токспорт“, се вели во соопштението на ФА.

Ворнок ќе го предводи Кардиф во последните две кола, против Кристал Палас и Манчестер Јунајтед. Кардиф има 31 бод и малку е веројатно дека ќе избори опстанок во лигата.

Scroll to Top