Манчестер Сити пред десет дена доживеа шокантна елиминација од ФА купот. Третолигашот Виган го победи лидерот во Премиер лигата со 1:0, а натпреварот го обележаа неколку инциденти што се случија по неговото завршување.
Главни актери во инцидентите беа лучето од Манчестер Сити. Првиот инцедент го предизвика менаџерот Пеп Гвардиола, тој на полувремето на патот кон соблекувалните се обиде физички да се пресмета со колегата од спротивниот табор Пол Кук.
Откако заврши натпреварот, во моментот кога многу навивачи на Виган влегоа на теренот за да ја прослават победата, Серхио Агуеро удри еден од нив.
Иако јавноста во Англија очекуваше жестоки казни за актерите на инцидентот Фудбалската асоцијација се реши само за парични казни.
„Манчестер Сити е казнет со 50.000 фунти поради однесувањето на играчите на овој клуб по натпреварот со Виган. Инцидентот се случи на натпреварот во ФА купот“, стои во соопштението на Фудбалската асоцијација на Англија.