Top Sport

Париз е како Холивуд кога игра ПСЖ

Голем број на познати личности ги следи натпреварите на фудбалскиот клуб ПСЖ. Делот за ваквите ВИП гости, на стадионот „Паркот на принцовите“, во средата на натпреварот помеѓу ПСЖ и Ливерпул беше преполн со познати фаци.

Победата на ПСЖ над Ливерпул ја гледаа во живо, оскаровецот Леонардо Дикаприо, фронтменот на Ролинг Стонс, Мик Џегер, четирикратниот Ф1 шампион, Алан Прост, селекторот на светскиот првак Франција, Дидие Дешам, ММА борецот, Хабиб Нурмагомедов, ди џе Снејк…

ПСЖ со победата се искачи на второто место на табелата со осум бода, еден помалку од Наполи и два повеќе од Ливерпул. Во последното коло, во Ц-групата, ПСЖ ќе гостува кај Црвена ѕвезда.

Scroll to Top