Top Sport

Париз е само попатна станица – Меси од идната сезона кај Бекам во Мајами?

Само што дојде во ПСЖ, се уште нема ниту дебитирано во новиот дрес, а Лео Меси веќе бара нов клуб.

Угледниот „ББС“ пишува дека Аргентинецот веќе по крајот на дебитантската сезона ќе ја менува средината, а како наводна следна дестинација се споменува Интер Мајами, во американската МЛС лига, клуб кој го води Дејвид Бекам.

Уште минатата година се појави можноста Меси да се пресели во Мајами (таму аргентинскиот ас има купено голем број недвижности), но тогаш се споменуваше во улога на амбасадор на Барселона.

Таа опција пропадна.

Иако Меси има договор со клубот од Париз од 1 + 1 година, сепак се подгреваат надежите дека еден од најдобрите фудбалери на сите времиња би можело кариерата да ја продолжи во САД.

Scroll to Top