Top Sport

Парма го отпушти тренерот кој ги врати во елитата  поради „недостаток на ентузијазам“

Парма го отпушти тренерот Роберто Д’Аверса три недели по крајот на сезоната, тврдејќи дека настанал „недостаток на ентузијазам“ кај тренерот, но и кај клубот.

45-годишниот Д’Аверса ја презеде Парма кога тие беа во третата лига во 2016 година и успеа за две години да ги врати во Серија А.

„Последните неколку недели, кохезијата, единството, хармонијата и заедничкиот ентузијазам кој ни помогна последните сезони веќе не беше присутен“, се вели во соопштението на тимот.

Парма, кои во 2015 паднаа во четвртата лига по банкротирањето, завршија на 11. место во Серија А, откако во првата сезона во елитата беа на 14. место. Се верува дека на местото на Д’Аверса ќе биде ангажиран досегашниот тренер на Лече, Фабио Ливерани.

Scroll to Top