Top Sport

Парма може да остане без пласманот во Серија А (Видео)

Парма успеа да се врати во Серија А, меѓутоа „млекарите“ ќе почекаат уште некое време пласманот да биде потврден. Во Фудбалскиот сојуз на Италија се сомневаат дека Парма го наместила натпреварот од последното коло против Специја.

Италијанските медиуми пишуваат дека Парма се наоѓа под истрага поради тој натпревар. Во последното коло, Парма, ја победи Специја избори пласман во Серија А, додека Фросиноне мораше да се задоволи со местото што води во плеј-офот.

Сепак постои сомнеж дека дуелот со Специја бил наместен. При водство на Парма од 1:0, поранешниот напаѓач на овој тим Алберто Џилардино не реализира пенал за Спација.

Деталите од истрагата ќе бидат познати во наредните неколку недели, а доколку се докаже дека истиот бил наместен Фудбалскиот сојуз на Италија најави жестоки казни.

Инаку, Парма, по банкротот, за три сезони успеа од Серија Д да се врати во елитното друштво на италијанскиот фудбал.

Scroll to Top