Top Sport

Парма на нозе! Лукарели го исполни ветувањето и ја врати во Серија А

Алесандро Лукарели, 40-годишниот капитен на новиот италијански прволигаш, големото име Парма, вели дека конечно го исполнил ветувањето дека ќе го крене тимот во Серија А.

Популарните „Дукали“ банкротираа во 2015 година, кога автоматски испаднаа во Серија Д, но по три победнички сезони тие остварија три влегувања во повисок ранг, за од следната сезона да се каде што припаѓаат.

Лукарели беше капитен кога тимот банкротираше, и уште ја носи лентата.

„Ветив! Кажав дека ќе ја однесам Парма во Серија А и сега го исполнив тоа. Ова не е вистина, неверојатно е. Никој не можеше да замисли ваква авршница, дури ниту во најлудите соништа. Ова е пат кој го почнавме пред три години пред овие фантастични фанови. Имавме тешки моменти, но секогаш застанувавме на нозе. Не се предадовме и горд сум што бев капитен. Сега можам мирен во пензија. Не знам, ќе видиме што ќе правиме, сега е време за прослава“, вели Лукарели.

 

Тој најави повлекување на крајот на минатата сезона, но реши да остане уште една сезона. Тој ќе наполни 41 години во јули и очекувањата се сега да се приклучи на водството на клубот кој како феникс се врати во италијанскиот врв.

Фросиноне водеа со 2:1 против Фоџа, резултат со кој тие ќе влезеа во лигата наместо Парма, но примија наивен гол од против-напад во 89. минута.

Фановите на Парма веднаш го извадија видеото на говорот на Лукарели пред играчите од минатата сезона кога бореа влез во Серија Б, и иако се работи за италијански со англиски превод, не може да се скрие посветеноста во неговиот глас.

Во Парма секако, прославата почна на улиците на градот славен по своите универзитети со само 200.000 жители во провинцијата Емилија-Ромања.

Помладите читатели можеби не се сеќаваат на тоа каков тим беше Парма во 1990-тите и на почетокот на 2000-те. Парма под водство на тренерот Невио Скала во 1993 година го освои европскиот Куп на победници на купови, а во 1995 година Дино Баџо постигна два гола за 2:1 победа во уште едно финале во КПК против Јувентус.

Во клубот играле имиња како Џанлуиџи Буфон, Дино Баџо, Марио Станиќ,  Фабио Канаваро, Лилијан Турам, и неколку години тимот. Последната титула ја освоија во 2002 година со трет триумф во Копа Италија.

Парма се врати во Серија А, Палермо ќе брка место преку плеј-оф

Scroll to Top