Top Sport

Парма нема да има минус-поени, Палермо останува во Серија Б

Новиот италијански прволигаш Парма нема да стартува со -5 поени, додека суспензијата на Емануеле Калајо е намалена на четири месеци, одлучи апелациониот суд на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ).

Парма доби казна од пет поени за сезоната 2018/19, а Калајо суспензија од две години, откако тој им праќаше СМС-пораки на двајца поранешни соиграчи од Специја пред последното коло во Серија Б, порачувајќи им да „не се трудат премногу“. Парма ја победи Специја со 2:0 и обезбеди место ов Серија А.

Сепак, апелациониот суд на ФИГЦ потврди дека Парма ќе биде казнета само со 20.000 евра и ќе стартуваат еднакво со своите ривали, а напаѓачот Калајо ќе може да се врати на фудбалот на 1 јануари 2019 година.

Ова исто така значи дека тимот на македонските интернационалци, Илија Несторовски и Александар Трајковски, Палермо ќе остане во Серија Б и покрај легалниот обид казната Парма да ја добие за минатата сезона, со што автоматски тие ќе го преземеа второто место во Серија Б и директниот пласман во елитата.

Scroll to Top