Top Sport

Парма нема да се откажат од Бруно Алвеш

Бруно Алвеш нема да ја напушти Парма во актуелниот преоден рок, кој во Италија завршува на полноќ. Медиумите, вчера, го поврзаа 37-годишниот фудбалер со Јувентус.

Проблемите на Јувентус со повредените дефанзивци се продлабочија синоќа во Бергамо, кога теренот пред време го напушти Џорџо Кјелини. Покрај тоа што остана без капитенот „старата дама“ остана и без пласманот во полу-финалето на Купот. Аталанта го порази Јувентус со 3:0.

Кјелини им се приклучи на Леонардо Бонучи и Андреа Барзаљи кои ќе отсуствуваат подолг период. Бидејќи во понеделникот од клубот замина Мехди Бенатија, а тројца од последната дефанзивна линија се повредени, во Јувентус во текот на денот ќе се обидат да донесеат нов играч на таа позиција.

Наводно изборот бил искусниот Бруно Алвеш, но од Парма порачале дека Португалецот ќе остане во клубот.

„Ништо не е завршено околу трансферот на Алвеш иако тоа го пишуваат медиумите. Не сме разговарале на таа тема со Јувентус. Дали тој ќе го продолжи договорот со нас? Да“, рекол спортскиот директор на Парма, Даниеле Фаџиано.

Scroll to Top