Top Sport

Парма поради Роналдо ги зголеми цените на билетите

Фудбалскиот клуб Парма, непријатно ги изненади своите навивачи, откако подлегна на ефектот „Роналдо“.

Јувентус, со мега ѕвездата Кристијано Роналдо, ќе гостува во Парма, во рамките на третото коло во Серија А, а клубот влезниците за овој меч ги продава по значително поголема цена од вообичаената.

Билтетите што во нормани услови се продаваат по цена од 25 евра, за овој натпревар чинат 178 евра. Толку пари мора да издвои навивач на Парма доколку на култниот стадион „Енио Тардини“ сака во живо да го гледа Кристијано Роналдо.

За очекување е дека примерот на Парма ќе го следат и останатите противници на Јувентус.

Scroll to Top