Еднаш славниот италијански клуб, Парма се врати во Серија А, откако во последното коло на второлигашкото првенство со 2:0 ја совлада Специја, а откако Фросиноне во драматичен меч одигра 2:2 со Фоџа, го промовираше клубот во првата лига.
Покрај Парма, уште претходно своето место во Серија А го обезбеди шампионот во втората лига, Емполи.
Со ова се комплетира фантастичниот кам-бек на Парма – во 2015 година тие испаднаа во Серија Д, односно четвртата италијанска лига, и секоја година оттогаш успеваа да се креваат едно ниво погоре. Парма банкротираше во 2015 година. Ова е првпат во италијанскиот фудбал еден клуб да успее трипати едноподруго да добие влез во погорна лига.
“Tre anni fa ci davano per morti: si sono sbagliati”
Noi siAmo AncorA quA! ????#EhGià#comenoinessunomAi#ForzaParma pic.twitter.com/cmxdiYTHEq— Parma Calcio 1913 (@1913parmacalcio) May 18, 2018
Клубот на македонските репрезентативци Александар Трајковски и Илија Несторовски, Палермо, стигна до 2:0 победа на гостувањето кај Салернитана, но на крајот заврши на четвртото место и ќе игра плеј-оф за влез во Серија А заедно со Фросиноне, Венеција, Бари, Читадела и Перуџа.
Од тоа дали Палермо ќе успее да избори пласман во елитата, најверојатно зависат и кариерите на нашите фудбалери, односно ќе биде многу тешко да ги задржат за уште една второлигашка сезона, посебно по интересот на Џенова за Несторовски.