Top Sport

Партизан и Монако го договориле трансферот на Павловиќ

Талентираниот дефанзивец на Партизан, Страхиња Павловиќ, кариерата ќе ја продолжи во Монако. „Журнал“ објави дека клубовите ги договориле деталите околу трансферот на 18 годишниот фудбалер.

Монако ќе го купат Павловиќ во јануарскиот преоден рок, но тој ќе остане до крајот на сезоната во Партизан. Клубот од „малото кнежевство“ ќе издвои 10 милиони евра за трансферот и дополнителни два милиони доколку Павловиќ во наредната сезона (2020/2021) одигра најмалку 20 натпревари. Уште еден милиони ќе инкасира Партизан доколку во таа сезона Монако избори пласман во Лигата на шампионите.

Павловиќ во летниот преоден рок се поврзуваше со Лацио. Италијанскиот клуб го сакаше по цена од 5,5 милиони евра, но трансферот пропадна во последните часови од преодниот рок.

Scroll to Top