Партизан и Монако го официјализираа трансферот на Страхиња Павловиќ. 19 годишниот фудбалер со Монако потпишал пет и пол годишен договор.
Клубовите се договориле Павловиќ до крајот на сезоната да остане во Партизан како позајмен играч, а во Монако ќе се пресели по завршувањето на сезоната.
Партизан од трансферот на Павловиќ ќе заработи 10 милиони евра. Оваа сума може да биде поголема за три милиони евра доколку Павловиќ исполни неколку клаузули од договорот.
Павловиќ оваа сезона е еден од најдобрите играчи на Партизан. Постигнал еден гол, а одиграл 30 натпревари.