ПСЖ во зимскиот преоден рок веројатно ќе остане без Хавиер пасторе и Анхел ди Марија. Голема желба да ги ангажира Аргентинците има Интер, а спортскиот директор на ПСЖ не ја исклучи можноста тие да бидат продадени.
„За мене Ди Марија е волшебен играч. Не постои играч со такви карактеристики на неговата позиција. Пасторе е долги години во клубот и по тоа е единствен. Овие двајца играчи се многу важни, но мораме да внимаваме на три работи: интересот на клубот, играчите и пазарот“, рекол спортскиот директор на ПСЖ, Антеро Енрике.
Пасторе и Ди Марија сакаат да бидат во клуб каде ќе добијат максимална шанса и поголема улога од онаа која ја имата во ПСЖ. Тоа им е важно бидејќи наредната година ќе се одржи светското првенство.
Ди Марија оваа сезона има одиграно 13 натпревари и постигнато два гола, а Пасторе има одиграно натпревар помалку од сонародникот и постигнато чеири гола.
Ди Марија во Париз пристигна пред две и пол години за сума од 63 милиони евра, а Пасотре е во ПСЖ од 2011 година кога клубот му плати на Палермо 42 милиони евра.