Поранешниот бразилски напаѓач на Милан, Алесандре Пато вели дека е задоволен во Орландо сити во МЛС лигата, но дека сонува за камбек на „Сан Сиро“ во дресот на „росонерите“.
Пато дојде во Милан во јануари 2008 и во 150 настапи имаше 63 голаза „росонерите“, пред да замине во Коринтијанс во 2013 година и неговата кариера да продолжи во надолна линија.
„Што би променил сега? Би ги натерал моите родители да останат со мене во Милано. Клубот ми го даде максимумот, го сакам Милан, но бев сам во тешки моменти, бев премногу млад кога пристигнав. Моите родители се вратија во Бразил и тоа влијаеше лошо за мене. Во Орландо се чувствувам добро и имам договор, но Паоло Малдини знае дека сум подготвен да се вратам. Сега сум позрел, имам поинаков пристап кон фубалот и би бил покорисен за млдите фудбалери. Ми недостасува Италија и Италијанците. Секогаш и кажувам на сопругата: ‘Ќе одиме еден ден таму и ќе видиш за што зборувам’“, вели Пато.
Pato: "Quanto mi piace il Milan dei giovani. Tifo per Leao, ma segna Giroud" #InterMilan #CoppaItalia https://t.co/NbpR3habIj
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) April 19, 2022