Бразилскиот напаѓач АлесандреМила Пато открива дека сонува за враќање во Милан, каде што би бил одличен партнер со Златан Ибрахимовиќ.
31-годишниот ветеран е без клуб откако беше ослободен од договорот со Сао Пауло минатото лето, а помина шест сезони на „Сан Сиро“ од 2007 до 2013 година.
„Имам фантастични сеќавања од Милано, зборуваме за 150 натпревари, 63 гола, едно Скудето и еден Суперкуп. Би било сон да се вратам во Милан, кој уште ми е во срцето. Дали би прифатил да сум заменик на Златан? Да, во што е проблемот? Мислам дека по неколку натпревари би го убедил тренерот Стефано Пиоли дека можеме да бидеме одлични партнери во нападот“, вели Пато во интервју за „Ла газета дело спорт“.