Францускиот тренер Патрик Вијера го напуштил Њујорк сити за да застане на чело на Ница, соопшти Манчестер сити кој има ист сопственик како и тимот од Њујорк.
Легендарниот француски фудбалер претходно се поврзуваше со Арсенал, откако Арсен Венгер објави дека ќе го напушти Лондон. Сепак откако не влезе во потесниот избор за тренер во својот поранешен клуб, Виера решил да ја прифати понудата на Ница.
Екипата од Азурниот брег, по завршувањето на сезоната остана без тренер, бидејчи Лусиен Фавр се пресели во Дортмунд.
Член на Ница е контроверзниот Марио Балотели, чии договор истече по завршувањето на сезона, а Виера рекол дека има намера да го задржи Италијанецот во тимот.
Интересно, Виера и Балотели четири години биле соиграчи во Интер Манчестер сити.