Легендата на Манчестер јунајтед, Патрис Евра, повторно облече копачки за да заигра за англискиот клуб Брентам ФЦ, кој играа во 11-тото ниво на англискиот лигашки систем.
Французинот, кој во кариерата играше и за Монако, Јувентус, Ница и Марсеј, се повлече од фудбалот минатата година, но тоа не му пречеше да игра на позиција на лево крило за Брентам при 3:2 победата над Норт Гринфорд јунајтед.
Евра се „пофали“ на Твитер дека го носел дресот број 11, и му порача на поранешниот соиграч Рајан Гигс дека оддал посебна почест на бројот.
Thanks for letting me playing with you guys .. such a good day , don’t worry Giggsy I honored your number the best I could ? https://t.co/ivADOujJTn
— Patrice Evra (@Evra) August 30, 2020