Top Sport

Павар официјално побара трансфер, ќе заврши во Интер или Манчестер јунајтед?

Дефанивецот на Баерн Минхен, Бенжамин Павар и официјално дал барање за трансфер, потврди тренерот Томас Тухел, и сега останува да се види дали Интер или Манчестер јунајтед ќе дадат доволно добра понуда за остварувае на преселбата.

Италијанските медиуми тврдат дека тој веќе се договорил со Интер, кои нудат 30 милиони евра, додека претходно и Манчестер јунајтед беа заинтересирани за неговите услуги.

„Бенџи побара трансфер и сега размислуваме за тоа како клуб и како тим. Ние го цениме многу, тој секогаш играше на високо ниво. Постои и проблемот на тајмингот, мора да има прифатлива понуда, но и виситнска замена. Не го сфаќам трансферот лично. Ќе работам со него додека не се смени ситуацијата, а треба да најдеме и замена“, вели Тухел.

Scroll to Top