Top Sport

Павар позитивен на коронавирусот

Баерн Минхен објави дека уште еден играч од нивниот тим е заразен со вирусот Ковид-19. Бежаман Павар, стрелецот на голот за победа, притив Тигрес, на Светското клупско првенство, се наоѓа во карантин.

Претходно, во текот на клупскиот Мундијал, позитивен на вирусот беше и Томас Милер. Тој од Доха во Минхен се врати со посебен лет.

Павар, во понеделникот, беше резерва против Арминија од Билефелд, се очекува то да ги пропушти наредните два натпревари во Бундес лигата и дуелот со Лацио, во Лигата на шампионите.

Scroll to Top