Формата на Мохамед Салах за тимот на Ливерпул оваа сезона го импресионираше дури и легендарниот Пеле, кој откри дека е огромен фан на египетската ѕвезда.
25-годишниот Салах се врати во англискиот фудбал оваа сезона, две години по слабите настапи за Челси. По „паузата“ во Рома, Салах е во фантастична форма на „Енфилд“ постигнувајќи 19 голови, и трипати добивајќи ја наградата за играч на месецот и наградата за најдобар африкански фудбалер.
„Парабенс Мо Салах! Ова е неверојатна година за тебе. Продолжи да работиш напорно и едвај чекаме да те гледаме на Светското првенство следната година“, напиша Пеле на Твитер.
Parabéns, @22MoSalah! It’s been an incredible year! Keep going and I look forward to seeing you play on the greatest stage next year – the World Cup. https://t.co/1QYSqBboM0
— Pelé (@Pele) December 13, 2017