Бразилската фудбалска легенда Пеле му честиташе на Килијан Мбапе за израмнувањето на неговиот рекорд на Мундијалите стар 60 години.
19-годишниот француски репрезентативец стана првиот тинејџер кој постигнал повеќе од еден гол на меч од СП првпат по Пеле во финалната победа против Шведска во 1958 година. Иако сите го знаеја квалитетот на Мбапе на клупско ниво по одличните сезони со Монако и Пари Сен-Жермен, во саботата тој се најави на големата сцена со два гола при 4:3 победата на Франција над Аргентина во осминафиналето.
„Честитки, Килијан Мбапе. Два гола на Светско првенство на таа возраст те ставаат во одлично друштво! Ти посакувам многу среќа во другите натпревари, нормално, освен против Бразил“, напиша Пеле на Твитер.
Congratulations, @KMbappe. 2 goals in a World Cup so young puts you in great company! Good luck for your other games. Except against??! ?/ Parabéns, Kylian. Marcar 2 gols em uma partida da Copa te coloca em boa companhia! Boa sorte no resto da competição. Exceto contra o ??! https://t.co/DW0XcJF49m
— Pelé (@Pele) June 30, 2018