Top Sport

Пеле му честиташе на Меси: Ти се восхитувам Лео

Легендарниот Пеле му честиташе на Лионел Меси, кој во саботата го израмни неговиот рекорд, според бројот на голови постигнати во дресот на еден клуб.

Меси, против Валенсија (2:2), го постигна својот 643 гол за Барселона. Ист број на голови Пеле постигнал за Сантос.

„Кога љубовта ќе го преплави вашето срце, тешко е да го смените патот. Како што знаеш ти, така и јас знам како е да сакаш еден клуб. Исто како тебе знам дека нема подобро место од она каде се чувствуваш како дома. Ти честитам на историскиот успех, Лео. Ти честитам на прекрасната кариера во Барселона. Приказните какви што се нашите, за долгите љубови кон еден клуб стануваат реткост во фудбалот. Ти се восхитувам“, порачал Пеле.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pelé (@pele)

Scroll to Top