Легендата на бразилскиот и светски фудбал, Пеле повторно заврши во болница откако во четвртокот колабирал поради премореност.
77-годишниот Пеле, единствениот фудбалер со три светски титули, требаше да биде во Лондон овој викенд за вечера во негова чест од страна на Асоцијацијата на фудбалски новинари (ФВА), но морал да отиде во болница поради премореност, иако се тврди дека не му е ништо сериозно.
Пеле последните неколку години повеќе пати завршуваше на болничко лекување поради проблемите со бубрезите и простатата.
Сметан за најдобриот на сите времиња, Пеле постигна 1.281 голови во 1.363 мечеви во својата кариера од 21 година, вклучувајќи 77 гола во 91 настапи за Бразил. Тој ги освои Светските првенства со Бразил во 1958, 1962 и 1970 година, и беше именуван за „Играч на столетието“ од страна на ФИФА.