Top Sport

Пеле пуштен од болница

Бразилската легенда Пеле е пуштен од болницата во Сао Паоло. Пеле две недели беше на хемотерапија поради ракот на дебелото црево.

„Пеле е во стабилна состојба“, стои во краткото соопштение од болницата.

81-годишникот, на 9.декември најави дека ќе биде хоспитализиран.

Пеле, за многумина најдобриот фудбалер во историјата, во кариерата три пати бил светски првак со Бразил.

Scroll to Top