Top Sport

Пеле „удри“ по Аргентинецот: Меси поседува само еден трик!

И покрај тоа што статистиката вели дека Лионел Меси постигнува гол или има асистенција во Ла лига секои 52 минути оваа сезона, легендарниот Пеле вели дека тој бил многу подобар фудбалер од петкратниот освојувач на „Златната топка“, нарекувајќи го фудбалер со само една вештина.

78-годишниот Пеле, кој со Бразил освои три светски титули и постигна 77 гола во 92 натпревари вели дека Меси не може да ја користи левата нога, не може да игра со глава и има само еден „трик“.

„Како можете да го споредувате човекот кој игра добро со глава, шутира со левата нога, шутира со десната нога и фудбалер кој само игра со едната нога, има една вештина и не знае да игра со глава? Каква е таа споредба. Да се споредуваш со Пеле, треба да бидеш подобар“, вели Пеле во интервју со „Фоља де Сао Пауло“.

Според Пеле, Диего Марадона бил „далеку подобар“ фудбалер од Меси, а коментарите се посебно зачудувачки бидејќи во 2015 година самиот Бразилец изјави дека Меси е најдобриот фудбалер на деценијата.

И Марадона неодамна покажа дека нема многу љубов кон својот сонародник, кога посочи дека Меси е „фудбалер кој оди во тоалет 20 пати пред натпревар“ и како таков не може да биде сметан за лидер.

Меси со хет-трик и со пресврт ја сруши Севилја на „Санчез Писхуан“ (видео)

Scroll to Top